За нас

Наталија Накова ja основа модната куќа НАНА на 29 години, веднаш по раѓањето на нејзината втора ќерка во Штип. Уште од самиот почеток, брендот НАНА се залага за врвен квалитет на изработка и дизајн, и уникатен и препознатлив стил, кој се разликува од другите. Во текот на изминатите 20 години, модната куќа НАНА остана посветена на основните вредности, создавајќи ексклузивни фустани за нашите ценети клиенти во експресно брзо време.

Секоја креација на НАНА е внимателно рачно изработена со огромна посветеност на деталите, префинет крој и иновативен дизајн. Во текот на годините, НАНА прерасна во препознатлив бренд низ Македонија кој работи со 6 продавници низ целата земја, како и онлајн. Во моментот се работи на подготовка на ексклузивно студио во Штип кое ќе се отвори во 2020 година.

Продавници